Српски државјанин фатен при обид да прошверцува 32 мигранти

Сподели со своите пријатели

Регионалниот центар за гранични работи Југ поднесе кривична пријава против Н.Х,  36 – годишен државјанин на Републија Србија, откако полицијата на 22 февруари открила 33 илегални мигранти од Пакистан и од Иран, пренесува Министерството за внатрешни работи.

Како што информираат од МВР, вчераутро, околу 2.40 часот, на автопатот А1, во правец Демир Капија – Неготино, полициски службеници во товарно возило, марка „Фиат дукато“, со српски регистарски ознаки, што го управувал осомничениот, откриле 32 илегални мигранти од Пакистан и еден од Иран.

Српскиот државјанин вчера околу 18.45 часот, бил предаден во истражниот затвор „Скопје“, откако судија на претходна постапка му одредил мерка притвор од 30 дена.