Српска свадба за паметење: Се спуштаа низ тобоган и се бакнуваа во базенот (видео)

Сподели со своите пријатели

Даниела и Дејан Велимировиќ од Чуприја приредиле свадба за паметење во Јагодина, Србија. 

Тие се осмелиле да го направат она на што многу младенци не би се сложиле – да го уништат својот аутфит, па така таа во венчаница, а тој во одело се спуштиле низ тобоган директно во базенот.

Младиот брачен пар ова го извел во Аква паркот во Јагодина во кој не може да помине сезона, а барем еден нов брачен пар да не влезе во заеднички живот на интересен начин, пишуваат српските мердиуми.

Им било доволно само едно спуштање, па кога веќе се натопиле, својот адреналин го потврдиле и на нов, екстремен тобоган, што и те како го привлекло вниманието на посетителите поради што добиле и аплауз.

Младенците изјавиле дека се одлучиле на овој начин да ја завршат свадбената веселба затоа што сакале нешто поинакво и поубаво.

Loading...