Средношколците бараат да се врати стариот метод за државна матура (видео)

Сподели со своите пријатели

Денеска од Средношколскиот пленум учениците побараа Министерството за образование да го врати стариот модел за полагање на државната матура. Средношколците сметаат дека екстерното тестирање не го покажува реално знаењето на учениците и истото треба да се стави мо мирување.

Loading...

Сметаме дека двојниот метод за полагање на државната матура не е потребен за проверка на нашето знаење и не оди во прилог на времето потребно за подготовка на државниот испит. Ние стравуваме дека техничките грешки кои се случија на екстерното тестирање можат да се повторат и на електронскиот дел од плагањето на државната матура. Упатуваме јавен и добронамерен апел до сите средношколци да се огласат, и да земат учество во реализирањето на вонучилишните активности. Правото на бојкотот ни е истотака загарантирано со Устав и не може никој да ни го оспори. – изјави Никола Крстевски од СОУ Гоце Делчев, член на Средношколски пленум.

Средношколците ги образложија нивните барања и повторија дека бојкотот ќе продолжи додка не седнат на заедничка маса до надлежните од Министерството за образование за да преговараат. Тие исто така тврдат дека ја имаат целосната поддршка од професорите, кои им сметаат дека треба да бидат поорганизирани и истрајни.

Наставата во Куманово е веќе трет ден по ред бојкотирана, а на ниво на државата наставата ја бојкотираат девет скопски, три тетовски, охридски, струмички училишта, две училишта во Битола и едно во Велес.

Leave a Reply