Среда ќе донесе пад на температурите, ветер и дожд

Сподели со своите пријатели

Среда започнува со мала до умерена облачност во источниот крај, додека јужниот и западниот ќе бидат малку пооблачни, јавува Метеопро. Попладне и навечер западниот и јужниот крај не`очекуваат врнежи, позначителни во југозападниот регион. Останатите делови од земјата ќе имаат услови за повремен и релативно послаб дожд. Денот ќе го одбележи и ветровитото време. Ќе дува умерен северен и северозападен ветер, особено долж повардарие.

Loading...

Малку пониски температури од вообичаените за овој дел од годината се очекуваат во текот на денот. Макималната е достигне вредности малку над 20°С долж повардарие и централниот источен регион. Останатите поголеми населени ќе имаат максимална температура во границите од 17°С до 20°С.

Во Скопје се очекува умерена облачност со услови за рекативно слаб дожд околу пладне и попладне.Минималната температура ќе се спушти до 13°С. Највисоката дневна температура ќе има вредност околу 21°С.

Leave a Reply