Спречени терористички напади во Македонија, приведени лица од Арачиново и Косово

Сподели со своите пријатели

Министерството за внатрешни работи како дел од поширока регионална оперативна акција во борбата против тероризмот, на 4ти овој месец  превзеде плански мерки и активности за лишување од слобода на две лица на возраст од 23 и 24 години од Скопје, за кои постојат разузнавачки информации за нивна инволвираност во подготвување на извршување на кривично дело „Тероризам“.

По претходно издадени наредби извршени два претреси од кои едниот во Скопје а другиот во с.Арачиново при што пронајдени и со потврда одземени беа мобилни телефонски апарати со сим картички, фотоапарати со микро картички, метален боксирач, регистарски ознаки, куршум, компјутерски куќишта, таблет, УСБ и разна документација.

За време на извршените претреси пронајдено и обезбедено е 24 годишното лице од село Арачиново, додека второто лице е приведено на Косово. Против лицето кое беше пронајдено и обезбедено при претресите поднесена е кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тероризам“ по член 394-б од Кривичен Законик на Република Македонија при што од страна на Судија за претходна постапка изречена му е мерка притвор во траење од 30 дена.