Спречен шверц на дрога од Албанија преку Македонија во Грција (фото)

loading...

Кривична пријава и притвор за двајца државјани на Албанија вчера поднесе СВР Битола за транспорт на марихуана, хашиш и смола од хашиш од Албанија преку Македонија за Грција. Двајцата се фатени на караилата Лажец битолско додека третото лице помагачот побегнал.

Како што соопшти МВР, Р.А.(45) и Б.Г.(33) заедно со уште едно непознато лице, откако неовластено набавиле опојна дрога марихуана,  ја спакувале во најлонски паковки, ја ставиле во две патнички торби и од Албанија се упатиле преку Македонија да извршат транспорт на марихуаната во Грција. Во ноќта меѓу сабота и недела околу 01:30 часот од страна на полицајци од ГН „Меџитлија“,  биле забележани во близина на напуштената караула Лажец и на дадена наредба да застанат тројцата се дале во бегство. По кусо време Р.А. и Б.Г. се фатени во непосредна близина на граничната линија со двете торби со марихуана, додека третото лице се упатило во непознат правец.

 

 

Од извршената анализа утврдено е дека во торбите има 38 најлонски паковки со марихуана со вкупна нето маса од 38,1 килограми. Во торбите имало и 201 грам хашиш и околу 350 милилитри хашишова смола.

Судија за претходна постапка при Основен суд – Битола, на двајцата пријавени одредена им одредил мерка притвор во траење до 30 дена.

Извор: МИА


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува.

Последни наслови

Facebook Comments