Спречен обид за криумчрање мигранти кај Костурник

Сподели со своите пријатели

Вчеравечер околу 22,50 часот било пријавено дека на автопатот Куманово-Граничен премин “Табановце“ на место викано „Костурник“, полициски службеници од Полицска станица за Граничен надзор Сопот забележале дека застанало возило од кое излегле 15 лица-мигранти (од кои четири лица од Индија, три лица од Авганистан и осум лица од Пакистан), а возачот со возилото се дал во бегство, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Мигрантите се сместени во Прифатниот центар – Гевгелија. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.