Спортски очила и машини запленети на ГП Табановце (фото)

Сподели со своите пријатели

Во текот на минатите две недели се откриени две царински измами и повеќе обиди за криумчарење на разна стока, при што привремено се задржани фалсификати, мобилни телефони, галантерија за мобилни телефони, облека, очила, цигари, машини за испитување на рачни часовници, додатоци во исхраната и лента за кантирање на иверици, информираат од Царинската управа на Република Македонија.

Вкупно 200 пара спортски очила, откриени при контрола на швајцарски автомобил, управуван од македонски државјанин пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат. Непријавените очила, пронајдени во куфер, сместен во багажникот на возилото, се привремено задржани, а против возачот ќе биде поведена соодветна постапка.

Две репарирани машини (едната марка PROOFMASTER S, а другата марка NEW RTECH HANDY) за испитување на водоотпорност и точност на рачни часовници, откриени при контрола на грчки автомобил, управуван од грчки државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат. Непријавените машини, од кои едната била пронајдена пред совозачкото седиште, а другата позади торбите и куферите во багажникот на возилото, се привремено задржани, а против возачот ќе биде поведена соодветна постапка.

Loading...