Според УХМР во Куманово наврна само еден литар дожд

Сподели со своите пријатели

Според Управата за хидрометеоролошки работи во изминатите 24 часа на подрачјето на Куманово наврнале само еден литар дожд на метар квадратен и покрај фактот што дождот кој од утринава проследен и со грмежи паѓа веќе непрестано од полноќ и ги преплави улиците со вода.

Ваков случај имаше и претходно кога пред неколку месеци во Куманово паднаа големи количини дожд, а станицата имаше регистрирано само 1,5 литри. Тогаш надлежните такватаинформација ја оправдаа со фактот дека на местото каде се наоѓала мерната станица немало толку дожд.

Според информацијата доставена од УХМР најмногу дожд паднал во Маврово, 31 литар на метар квадратен.

фото: архива