Списокот за локалните избори повторно побогат за 30.000 гласачи

Сподели со своите пријатели

Оспоруваните т.н. „фантомски гласачи“ кои беа избришани од избирачкиот список за предвремените парламентарни избори кои се одржаа во декември минатата година, оваа пролет повторно се враќаат на избирачкиот список и тие лица ќе имаат право да гласаат за локалните избори.

Вкупно 30.477 гласачи ДИК оцени дека се спорни и дека не треба да гласаат за парламентарните избори, како резултат на вкрстените и теренските проверки кои покажале нерегуларности во документацијата или дека тие лица воопшто не постојат.

Но, одредбите од Избирачкиот законик предвивуваат овие лица да бидат вратени на списокот гласачи и да имаат право на глас. Изборите треба да се одржат во првата половина од мај, но се уште е неизвесно, затоа што не е формирана Влада. Претседателот на Собранието треба да ги распише локалните избори. За да се одржат на 14ти мај тоа значи дека треба да бидат распишани на 5 март, а за да се одржат на 7 мај, истите треба да бидат распишани за помалку од недела дена.

Но, доколку изборите не се одржат или се пролонгираат станува неизвесно функционирањето на локалните власти, со оглед дека законот не предвидува продолжување на мандатите на градоначалниците и советите.