Спиете во чорапи? Еве зошто тоа не е лоша идеја!

Сподели со своите пријатели

За некои тоа е една од најлошите работи која не можат да ја замислат, особено ако вечерта вклучува романтика, а за некои тоа е додаток без кој не одат во кревет. Но, што е подобро и зошто?

Од сега имате научна потврда да спиете во чорапи, затоа што топлите стапала во текот на ноќта влијаат на квалитетот на сонот.

Осум совети кои ќе ви помогнат полесно да ја преспиете ноќта

Loading...

Со греење на стопалата се шират и крвните садови што за мозокот претставува сигнал дека е време за спиење. Поточно, кога тие се прошират во стапалата и дланките, топлината се шири низ телото кое потоа е спремно за спиење.

Значи, ако стопалата ви се топли во текот на ноќта, ќе имате помалку проблеми со спиењето и сигурно полесно ќе заспиете. Студијата која ја објави International Weekly Journal of Science дури вели дека со чорапи на нозете се заспива и до 15 минути побрзо.

Што би се случило доколку не спиете една недела? (видео)

Освен подолг и квалитетен сон, оваа парче гардероба во креветот позитивно влијае на сувата кожа на стапалата.

Со овие резултати одамна се сложува и традиционалната кинеска медиција која се фокусира на подобра циркулација. Ладните стопала од телото ја „цицаат“ енергијата што го реметки протокот на „животна енергија“.

Зошто не треба да спиете со телефонот до вас?

Студот, генерално ја блокира циркулацијата, додека топлината ја потикнува. Пример е Рејновата болест, специфично заболување кое се карактеризира со напади на силни грчеви на крвните садови на прстите на рацете или нозете.