Спасовски: Во СВР Куманово нема двојно раководство (видео)

Сподели со своите пријатели

По информациите дека во Секторот за внатрешни работи Куманово има двојно раководство откако министерот Оливер Спасовски го смени началникот и за нов го постави Стојанче Величковиќ, одговор побаравме од првиот човек на МВР кој вели дека тоа е само шпекулација.

Во Куманово нема двојно раководство како што нема во ниту еден од секторите за внатрешни работи ниту во Министерството за внатрешни работи постои закон за измени на законот за влада во кој што се дефинирани односите помеѓу началникот и дополнителниот заменик началник денеска на средбата сите заеднички се договоривме како понатаму да работиме и тоа се само муабети веројатно кои што се шират во јавноста меѓутоа не соодејствуваат со реалноста – вели Спасовски.

Инаку Спасовски денеска беше во работна посета на СВР Куманово каде се сретна со првит елуѓе на секторот и одблизу се запозна со проблемите со кои се среќаваат во своето работење.