Спасовски: ВМРО-ДПМНЕ го уништи стопанството во Куманово (фото)

Сподели со своите пријатели

Кандидатите за пратеници во втората изборна единица од листата на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија вечерва одржаа мини митинг пред граѓаните на населбата Гоце Делчев каде претставија дел од својата програма за парламентарните избори закажани за 11 декември.

 

Loading...

dsc_0013

 

Во своето обраќање носителот на листата Оливер Спасовски дел од своето обраќање го искористи за критика кон опонетите од ВМРО-ДПМНЕ и промоција на проектите во програмата „За живот во Македонија“ кои се однесуваат на Куманово.

Истите оние фабрики кои што ги уништија, ВМРО-ДПМНЕ го уништи стопанството во Куманово, ВМРО-ДПМНЕ во периодот додека беше власт ги уништи и „1ви Мај“ и „Чик“ и „ДИЕР“, „Житомел“, „Тутунски комбинат“ и „Печатница Куманово“ и која уште не фабрика во Куманово. Додека градеа споменици во Скопје, овдека оставија споменици од стопанството и денеска се чудам како е можно претставници на Владата да нудат рестартирање на капацитети, па „Житомел“ го искрадоа, уништија и запалија, вели дека ќе го рестартирал Ладилникот, па тој работи уште од 2006 година, ќе биде рестартиран „1ви Мај“, а тој е целосно уништен и урнат, ќе биде рестартирана Кожара Куманово, не знам дали веќе некој ја штити и дали постои како објект. Сакам да порачам дека јас и моите колеги од листата во изборна единица број два ќе направиме се да одговараат за таа криминална приватизација што ја направија во Куманово, што оставија многу стечајци без парче леб со години – рече Спасовски кој го повика својот опоненет Никола Тодоров на јавна дебата.

dsc_0008

 

Максим Димитриевски, дел од листа на СДСМ во втоарта изборна единица ја обвини ВМРО-ДПМНЕ дека народот го поделила по нација и најави реформи во одбраната и правосудството, но и развој на економијата.

Никогаш нема да дозволиме професионалецот да стои, а партискиот војник во полиција, армија да седи и да издава наредби. Ние за таква Македонија не се бориме, ние во такво општество не сакаме да живееме. Специјалното јавно обвинителство ќе ја добие целосната поддршка до крај да ја спроведе правдата во целост, но притоа судот ќе мора да суди согласно законот и уставот. Ние ги сакаме странските инвеститори во Македонија и ќе дадеме можност на странските инвеститори, но нема да дозволиме домашниот инвеститор да биде запоставен, ќе дадеме можност на малиот и средниот бизнис – рече Димитриевски.

dsc_0026

 

Мартин Захариев, најави реформи за младите и образовниот систем, скратено работно време и можнсот за работа на студентите додека студираат, а со студентските платежни картички, како што посочи, ќе следува попуст во библиотеки, кафетерии и читални.

 

Loading...

dsc_0016

 

Лидија Тасевска посочи дека цели 10 години државата оди во погрешна насока, па затоа СДСМ со планот за животот во Македонија ќе го врати достоинството на работникот, лекарот, градежниот работник и младите да останат во државата.

dsc_0019