Спасовски се сретна со претставникот за слобода на медиумите на ОБСЕ

loading...

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска имаше средба со претставникот за слобода на медиумите на ОБСЕ Арлем Дезир, на која било истакнато дека медиумите се меѓу најважните столбови на едно демократско општество и затоа мора да се преземат сите неопходни мерки за новинарите да се чувствуваат безбедни и слободни да ја извршуваат својата работа.

Како што соопшти МВР, министерот Спасовски ја потенцира соработката на Министерството за внатрешни работи со здруженијата на новинарите и партнерскиот однос со новинарите и нивните здруженија со цел полесно да се решаваат евентуалните проблеми во иднина. Тој ја потенцира посветеноста на МВР за расчистување до крај на сите случаи со напади врз новинари кои се случија во минатото.

Спасовски го запознал Дезир со реформите во МВР и мерките кои се преземаат за целосно да се врати довербата на граѓаните во полицијата.

– Двајцата соговорници се согласија за интензивирање на и досега добрата соработка меѓу Министерството за внатрешни работи и ОБСЕ, се наведува во соопштението од МВР.

Извор:МИА


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува.

Последни наслови

Facebook Comments