Спасовски: Ќе ја вратиме правдата, нема повеќе „Сваровски“ судство (видео)

Сподели со своите пријатели

Носителот на листата кандидати за пратеници на СДСМ и коалицијата во втората изборна единица, Оливер Спасовски, денес во центарот на Куманво одржа прес конференција на која најави мерка со која ќе се врати вербата на граѓаните во правосудниот систем.

Како што рече Спасовски денес институциите наместо да работат во служба на граѓаните,  работат единствено во служба на фамилијата на власт.

За да ја вратиме правдата, за никогаш повеќе да нема „Сваровски“ судство ќе направиме целосен реизбор на судии со што ќе се евалуира целокупната еабота на сите судии во Македонија. Веднаш по формирањето на новата влада ќе го продолжиме мандатот на специјалното јавно обвинителство за целата криза да добие правна разрешница. Граѓаните мора да имаат контрола на власта. Граѓаните мора да имаат еднаков пристап до правда. Граѓаните заслужуваат независно судство и отчетни институции – рече Спасовски.

Според Спасовски, граѓаните ќе бидат контролори за трошењето на буџетските пари на власта.

Буџетските трошења ќе бидат достапни за сите граѓани. Секој граѓанин ќе биде контролор на власта. Секој граѓанин од својот компјутер ќе може да следи како и за што се трошат парите од буџетот. Сегашната состојба на криење на државните долгови ќе стане минато бидејќи криењето на јавниот долг ќе биде кривично дело – додаде Спасовски.

Како што беше потенцирано на прес конференцијата, со ваквите мерки ќе се врати вербата на граѓаните во институциите.