Спасовски: Државна помош од 140 милиони евра за мали и средни претпријатија (фото+видео)

Сподели со своите пријатели

Носителот на листата на СДСМ во втората изборна единица, Оливер Спасовски денеска се сретна со граѓаните на Куманово на градскиот зелен пазар каде промовираше дел од мерките за парламентарните избори, но и разговараше за проблемите со кои тие се среќаваат.

Во својата изјава, Спасовски најави помош од 140 милиони евра за развој на малите и средни претпријатија во државата.

Домашните претпријатија се моторот на целокупната економија и затоа се обврзуваме на државна помош во висина од 140 милиони евра наменети за малите и средни претпријатија. Најдобрите бизнис идеи ќе ги подржиме со 10.000 евра неповратни средства, а ќе овозможиме отворање на фирма со основачки капитал од само 1 евро. За да ги подржиме фирмите ќе отвараме старт-ап центри каде што новите фирми ќе добијат бесплатни комуналии, правни и сметководствени услуги. Наместо одмазничко казнување на фирмите, ќе ги преполовиме казните и повторно ќе ги вратиме опомените. Инспекторите ќе пишуваат казни само ако навистина се случиле прекршоци, а не како до сега поради одмазда и поради партиска определба и неподобност на сопствениците – рече Спасовски.

dsc_0150

Loading...

 

Спасовски потенцираше дека илјадници фирми моментално се со блокирани сметки и пред затворање, поради лошата власт на ВМРО-ДПМНЕ.

Откако 10 години ја уништуваа домашната економија, носителите од ВМРО-ДПМНЕ во очи на изборите нудат наводна помош за малите и средни претпријатија. Откако со години го уништуваше и образованието и здравството, денес Никола Тодоров ветува дури 70.000 нови вработувања. Сите така наречени проекти на Тодоров и ВМРО-ДПМНЕ во овие 10 години значеа само уништување на секој сегмент на живеењето, а особено на економијата. Токму поради политиките на ВМРО-ДПМНЕ денес во Македонија, илјадници фирми се со блокирани сметки, а уште толку се пред затварање – додаде Спасовски.

dsc_0145

 

Според носителот на листата кандидати за пратеници во втората изборна единица, домашните компании ќе станат партнер на државата во градење на повисок животен стандард на граѓаните.