Спасовски: Безбедносната состојба во Куманово е стабилна (фото+видео)

Сподели со своите пријатели

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска беше во работна посета на Секторот за внатрешни работи Куманово каде оствари средба со надлежните и се запозна со проблемите со кои се среќава овој оддел од Министерството.

 

Loading...

dsc_0067

 

Како што потенцираше Спасовски во својата изјава, на средбата меѓу другото било разговарано за безбедносната состојба во Куманово.

Овој сектор е од особено значење затоа што е кризно подрачје заради мигрантската криза, меѓутоа пред нас стојат и други предизвици и тука сме единствени сите дека треба да се даде максимум во работењето за да одговориме на сите ови предизвици. Овде е еден од секторите ретко во кој функционира позорната служба иако на многу малку реони и за тоа разговаравме како да се подобри тој сегмент, а ќе се подобри со повеќе луѓе полицаијци потребни во сите сеектори за внатрешни работи во Република Македонија и на тој начин успешно да можат да функционираат сите служби. Заклучокот е дека состојбата во општина Куманово безбедносна е стабилна и мирна, граѓаните треба да бидат спокојни во овој дел, затоа што секторот е во кондиција и во добра соработка за да се одржи оваа состојба.

dsc_0073

 

Според она што го добил како информација од првите луѓе на СВР Куманово, Спасовски вели дека тука има потреба од повеќе полициски службеници, но и опрема за крим техника.

Треба повеќе луѓе за полицајци затоа што потполнетоста не е на завидно ниво, потребни се материјално-технички средства и опрема, дополнителен проблем е начинот на функционирање на крим-техниката кој беше потенциран како проблем овде и за кој ќе треба да се бара решение , меѓутоа генерално треба да се знае дека за да имаме добро Министерство за внатрешни работи државата треба да одели повеќе пари – додаде Спасовски.

Како што потенцираше министерот Спасовски, во следниот период ќе следуваат и посети на сите други сектори за внатрешни работи во државата со цел да се обезбедат услови за одржување фер и демократски избори.