Совршен злочин: Бездомник украл 300.000 евра од аеродром

Сподели со своите пријатели

Еден бездомник однел 300.000 евра од отклучена канцеларија на компанијата за управување со готовина на аеродромот Шарл де Гол во Париз, пренесуваат француските медиуми.

Додека превртувал по кантите за смет на аеродромот, забележал отворени врата на канцеларијата од компанијата „Ломис“, влегол и нашол две вреќи полни со пари.

Приказната за кражбата ја објавија француските медиуми, нарекувајќи ја „совршен злочин“.

Полицита се уште трага по мажот во педесетите години, кога наводно го идентификувала аеродромската полиција.

– Првин мислевме дека е местенка, но изгледа дека е во прашање чиста среќа. Тоа е неверојатно, рекол за Францпрес еден од полициските службеници.