Советот на Општина Куманово денеска ќе ја одржи втората седница

Сподели со своите пријатели

Советот на Општина Куманово денеска со почеток во 10 часот во кружната сала на поранешен Комитет ќе ја одржи втората редовна седница, на која на дневен ред треба да се најдат вкупно 11 точки по кои советниците ќе треба да расправаат и да донесат одлука.

– Програми за култура, програми за работа на јавните прептријатија во градот, за спортот, но и за буџетот се дел од точките кои се ставени на дневен ред.

– Предлог – Измена и дополнување на Планот на програми за развој на Општината Куманово за 2017 година;

– Предлог – Програма за изменување и дополнување на Програмата за уредување на градежно земјиште, изградба и одржување на комунална инфраструктура на град Куманово за 2017 година;

– Програма за измена на Програмата за користење, одржување, реконструкција и изградба на јавното осветлување на подрачјето на Општина Куманово за 2017 година;

– Програма за измена на Програмата за работа на ЈП ‘‘Куманово – паркинг‘‘ – Куманово за 2017 година;

– Програма за измена на Работната програма за 2017 година на ЈП „Куманово – гас“ – Куманово;

– Програма за изменување и дополнување на Програмата за уредување и одржување на градско зеленило во Куманово за 2017 година;

-Предлог – Програма за измена на Програмата за субвенционирање на наставни, воннаставни и спортски активности по пливање во Затворен базен – Куманово за учениците од основните и средните училишта од Општина Куманово за 2017 година;

Предлог – Програма за изменување на Програмата на културни манифестации на Општина Куманово за 2017 година-;

– Предлог – Програма за измена на Програмата за развој на спортот и рекреативни активности на граѓаните во Општина- Куманово за 2017 година;

– Предлог – Измени и дополнувања на Буџетот на Општина Куманово за 2017 година;

– Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Куманово за III квартал од 2017 година.

Седницата интегрално можете да ја следите преку Телевизија Плус со почеток во 10 часот.