Советниците во понедлник ќе расправаат за Буџетот на Општина Куманово за 2017 година

Сподели со своите пријатели

Во понеделник со почеток во 10 часот ќе се одржи 60та седница на Советот на Општина Куманово, а на дневниот ред ќе се најдат вкупно 30 точки, меѓу кои најглавни за донесување буџет за 2017 година, како и раззгледувањето на извештатите за работата на јавните претпријатија.

Меѓу другото ќе се расправа и за следните точки:

  1. Тримесечен извештај за финансиско работење на ЈП „Водовод“ – Куманово од 01.07.2016 – 30.09.2016 година;

  2. Финансиски извештај за работа на ЈП „Пазаришта“ – Куманово за период Јули – Септември 2016 година;

  3. Програма за работа на ЈП „Пазаришта“ – Куманово за 2017 година;

  4. Извештај за деловно финансиско работење на ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово за период Јули – Септември 2016 година;

  5. Програма за одржување јавна чистота на јавни сообраќајни површини во Куманово за 2017 година;

  6. Програма за уредување и одржување на градско зеленило во Куманово за 2017 година;

  7. Тримесечен извештај за финансиско работење на ЈП „Куманово – гас“ – Куманово од 01.07.2016 – 30.09.2016 година;

  8. Работна програма за 2017 година на ЈП „Куманово – гас“ – Куманово;

  9.  Извештај за финансиско работење на ЈП „Куманово – паркинг“ – Куманово за период од 01.07.2016 – 30.09.2016 година;

  10. Програма за работа на ЈП „Куманово – паркинг“ – Куманово за 2017 година;

  11. Програма за користење, одржување, реконструкција и изградба на јавното осветлување на подрачјето на Општина Куманово за 2017 година;

  12. Програма за повластено користење на паркинг услуги на јавните паркиралишта и јавните површини наменети за паркирање со кои стопанисува ЈП „Куманово – паркинг“ – Куманово од страна на лица со посебни потреби за 2017 година;

  13. Програма за работа на Јавната општинска установа – Библиотека ‘‘Тане Георгиевски‘‘ – Куманово во 2017 година;

  14. Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката за давање на трајно користење на патничко моторно возило сопственост на Библиотека на Општина Куманово;

  15. Годишна програма за 2017 година на Фондација за култура и спорт „Куманово“ – Куманово;

  16. Предлог – Програма на културни манифестации на Општина Куманово за 2017 година;

  17. Предлог – Правилник за начин на распределба на средства за реализација на Програма за развој на спортот и рекреативните активности на граѓаните во Општина Куманово;

  18. Предлог – Програма за развој на спортот и рекреативни активности на граѓаните во Општина Куманово за 2017 година;

  19. Предлог – Програма за спроведување на општите мерки за заштита на населението од заразни болести во 2017 година;

  20. Предлог – Одлука за спроведување на мерки за субвенционирање на трошоци за комунални услуги и на јавен градски превоз за 2017 година;

  21. Предлог – Програма за субвенционирање на наставни, воннаставни и спортски активности по пливање во Затворен базен – Куманово за учениците од основните и средните училишта од Општина Куманово за 2017 година;

  22. Предлог – Одлука за измена и дополнување на Одлуката за давање на согласност за формирање на паралелки со под 25 ученици во општинските средни училишта во Општина Куманово во учебната 2016/2017 година;

  23. Предлог – Буџет на Општината Куманово за 2017 година;

  24. Предлог – Одлука за извршување на Буџетот на Општината Куманово за 2017 година;

  25. Предлог – Одлука за утврдување на вредноста на бодот за платите на државни службеници за 2017 година;

  26. Предлог – Одлука за утврдување на висина на благајнички максимум за готовинско плаќање од Буџетот на Општината Куманово за 2017 година;

  27. Предлог – Одлука за донесување на Детален урбанистички план за дел од У.Е. “11-ти Ноември”  дел од Урбан блок 65-г, плански опфат меѓу ул. “Крсте Мисирков”, крак на ул.”Крсте Мисирков” и бул.”Октомвриска Револуција” – Општина Куманово;

  28. Предлог – Одлука за донесување на Детален урбанистички план за дел од У.Е. “Бајрам Шабани”,  дел од Урбан блок 55-г и дел од Урбан блок 54, Плански опфат меѓу ул. “Франц Розман”,  КП 23706, КП 23703/2, ул. “Максим Горки” и пешачка улица – Општина Куманово;

  29. Предлог – Решение за разрешување и именување на член на Управниот одбор на Јавната општинска установа за деца – Детска градинка “Ангел Шајче” Куманово – претставник од родителите на децата;

  30. Предлог – Решение за формирање на Комисија за изготвување на Предлог – Програма за работа на Советот на Општината Куманово за 2017 година

Седницата ќе биде јавна со директен пренос на Телевизија Плус.