Советниците утре ќе расправаат по две точки од дневниот ред

Сподели со своите пријатели

Членовите на Советот на Општина Куманово утре во кружната сала на поранешен Комитет ќе ја одржат 71-та седница, последна во моменталниот состав.

Вкупно две точки ќе се најдат на дневниот ред и тоа Предлог – Одлука за давање согласност за формирање на паралелки со под 24 ученици и комбинирани паралелки во општинските основни училишта  и Предлог – Одлука за давање на согласност за формирање на паралелки во прва година со под 25 ученици во општинските средни училишта во Општина Куманово во учебната 2017/2018 година.

Седницата итегрално можете да ја следите на Телевизија „Плус“ со почеток во 10 часот.