Советниците со жестоки критики за работењето на ЈП „Чистота и зеленило“

Сподели со своите пријатели

На денешната 56-та седница на Советот на Општина Куманово сеоветниците од опозицијата, заедно со претседателот на советот Максим Димитриевски упатија жестоки критики за работењето и менаџирањето на Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“.

Во неколку последни извештаи бележиме позотивни резултати. Доколку не би живееле во Куманово, а би гледале само од извештаите гледаме позитивни резулатити, но живееме во Куманово и гледаме различна ситуација. Доволно е да се слушне мислењето на граѓаните. Како може извештајот да покажува позитивни резултати, а тоа во реалноста да не се гледа? Започнавте да се занимавате во дејности надвор од онаа што треба да го работите како основа дејност – рече Драган петковски, советник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Критики дека претпријатието повеќе е насочено кон угостителска дејност, наместо за одржување на хигиената во градо тупати и советникот Станковски, кој истакна дека со оглед на фактот дека претпријатието менаџира со парастас салата, стопанисува со базенот, со ресторан во Пелинце и стопански субјекти на градскиот кеј треба да се очекуваат поголеми резултати во финансиските извештаи.

Критики за работењето на претпријатието упати и претсетаделот на Советот на Општина Куманово, Максим Димитриевски кој посочи дека граѓаните постојано се жалат за услугата која ја плаќаат.

Од онаа што се вели „Чистота и зеленило“, за чистотата почнавте многу малку да водите сметка, а зеленилото скоро и да го нема во градот. Погледнете ги булеварите во каква моментална состојба се наоѓаат и се ќе ви стане јасно. Се мете во пладневни часови, а уште се користат метли, наместо современи машини за миење на улиците. Доаѓа есенски период, а вие немате адекватна машина и правосмукалка за листовите кои постојано ќе паѓаат по улиците – рече Димитриевски во своето излагање.

Од друга страна пак, директорот на претпријатието, Сашо Петрушевски,  се правдаше во неколку наврати дека нехигиената во градот не е само нивна вина, туку дека камионите постојано се во дефект, но и дека еколошката свест на граѓаните е на многу ниско ниво.

Нашите екипи ќе исчистат во 10 часот, а веќе во 13 часот по тротоарите има еден куп хартија, ќеси, отпадоци од сончоглед, отпушоци и вработените повторно мораат да излегуваат на терен. Што се однесува до дивите депонии, тие никнуваат не поради тоа што ние не чистиме, туку поради неодговорност на самите граѓани. Имате еден куп диви депонии кои никнуваат во руралните предели, а ги создаваат самите граѓани – рече Петрушевски.

Критики беа упатени и за механизацијата на претпријатието, односно дека истата постојано се набавува само од донации, а од парите на граѓаните не е купено ништо. На тоа, Петрушевски се правдаше дека камионите се скапи за да можат сами да ги приуштат, а дека парите на претпријатието се вложуваат во тековно одржување на хигиената во градот, а било вложувано и во парастас салата.