Советниците на СДСМ со поддршка на петицијата за законот за лица со попреченост (фото+видео)

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Советот на Општина Куманово Алексадар Арсиќ и советниците од редовите на СДСМ и коалицијата денеска ставија потпис на иницијативата за измени во законот кои треба да им донесат поголеми права на лицата со посебни потреби и нивните семејства.

 

Loading...

Како што вели Арсиќ, со ова сакаат да им помогнат на овие граѓани да бидат што поблиску до својата цел и законот да влезе во собраниска процедура.

Овие граѓани, односно лицата со попреченост. Нивниот социо-економски живот е на мноуг ниско ниво, исто така и законите кои ги тангираат здравствена и социјална заштита имаат одредени лимити, односно имаат одредени граници, меѓутоа и вклученоста на овие лица во општествениот живот е на едно многу ниско ниво. Затоа сакаме да дадеме поддрѓка што повеќе потписи да се соберат, односно 10.000-те потписи кои се потребни за регулирање на законската регулатива да бидат соберени и така да помогнеме и на оваа катефорија на лица за да можат сите граѓани во оваа општество заеднички да ги остваруваат своите права – изјави Арсиќ.

 

Тој упати апел до сите граѓани на Куманово да ја дадат поддршката на здружението „Инклузива“ и Дневниот центар за лица со интелектуална попреченост „Порака наша“ кои на неколку лоации во градот имаат штандови на кои собираат потписи.

 

 

Вчера поддршка на иницијативата даде и пратеникот Максим Димитриевски, а свој потпис на петицијата ставил и првиот човек на градот Зоран Дамјановски.

Само во текот на вчерашниот ден биле собрани околу 650 потписи, а акцијата ќе продолжи до петок. Сите граѓани кои сакаат да дадат поддршка на акцијата тоа можат да го сторат од 11:55 до 17 часот на градскиот плоштад во Куманово.

Loading...