СООБРАЌАЈОТ ВО ПРЕКИН: Завеани возила на патот Куманово – Свети Николе

Сподели со своите пријатели

Денес во 14:20 часот е воведена забрана за движење за сите видови возила на патниот правец Куманово – Свети Николе и обратно, информираат од Авто Мото Сојузот на Македонија.

На коловозот според информациите на АМСМ, има завеани возила, а екипите на „Македонија – пат“ работат на расчистување на возилата.

Сообраќајот на истиот патен правец беше во прекин и утринава поради големи наноси на снег кои ги предизвика силниот ветер на одредени локации на магистралата. Откако надлежните го исчистија патот, сообраќајот беше забранет само за тешките товарни возила.

 

Loading...