Сообраќајот на патот Свети Николе – Куманово се одвива по една лента

Сподели со своите пријатели

Како што јавува АМСМ, на регионалниот пат Свети Николе-Куманово, поточно кај с.Павлешенци, товарното моторно возило кое беше заглавено на патот е отстрането, а  сообраќајот се одвива по една коловозна лента.

Поради временските услови,  забрана за тешки товарни возила има на патниот правец Тетово Попова Шапка, додека пак забрана за автобуси има на патниот правец Тетово – Попова Шапка, а за останатите возила задолжителна е употреба на зимска опрема.

Поради силен северен ветар на патните правци Штип – Кочани, клучка Штип – Радовиш и Св.Николе – Куманово наместа има појава на намети од снег на коловозот.

Дежурните екипи на Ј.П. Македонијапат се на терен и работат на расчистување на истите. Се препорачува внимателно управување со возилата и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

 Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот после интервенција на дежурните екипи од Македонија Пат.

 Слаб снег провејува во Крива Паланка, Маврово, Делчево, Кула и на планинскиот превој Стража.