Сообраќајка на патот Куманово – Табановце, екипите на Црвен Крст на град Скопје први на терен (видео)

Сподели со своите пријатели

На автопатот Куманово – Табановце, поточно пред клучката за исклучување кон Крива Паланка утринава се случи тешка сообраќајна несреќа при што, според кажувања на очевидците и возачот на возилото, ненадејно излетало куче на патот и при обид да го избегне, возачот со својот автомобил завршил покрај банкините на патот

На лице место се најдоа екипите на мобилните тимови на Црвен Крст на Град Скопје кои укажаа помош се додека не пристигна екипа на Итна медицинска помош од Куманово кои дојдоа бргу по повикот од Црвениот крст.

Според возачот на патничкото моторно возило марка „Мерцедес“ од Куманово, кучето излетало ненадејно. Возачот останал неповреден, додека неговата сопатничка која била на задното седиште се здобила со тешки телесни повреди и со екипите на Брза помош беше пренесена во кумановската болница.

Увид на местото на настанот извршија екипи на СВР Куманово.

Според очевидците не е чудно што кучиња скитници излетуваат постојано на автопатот кој се реновира, но нема никаква заштитна ограда која може да спречи било каква несреќа при излетување на животни на патот. Токму поради тоа често се случуваат и вакви незгоди.

Loading...