СОНК бара усогласување на платите и преговори со МОН за образовните реформи

Сподели со своите пријатели

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура-СОНК бара веднаш да се усогласат платите во основното и средното образование, согласно процентот на зголемување на минималната плата на национално ниво.

– Така ќе се задржи распонот на коефициентите, поточно на плати по работни места, како што е предвидено во колективните договори во овие дејности. Со самото тоа ќе се одбегне сегашното кршење на колективните договори од страна на МОН, претставувано од министерот за образование, што претставува дејствие казниво со закон, соопшти СОНК реагирајќи на денешната прес-конференција на министерката Рената Дескоска која најави зголемување на платите на наставниците во основните и во средните училишта.

Во соопштението СОНК го повика МОН веднаш да почне преговори со нив за дополнителното зголемување на платите во сите сфери на образованието, вклучувајќи ги и високото образование и науката, како и за други прашања поврзани со реформите во образованието, измените и носењето нови закони во дејноста образование, изготвување и склучување  колективни договори за високото образование и наука.

Извор: МИА

Loading...