Соларна бура пристигнува до Земјата

Сподели со своите пријатели

Американската вселенска агенција НАСА забележала соларна олуја која се движи кон Земјата. Забележани се два „соларни факели“ кои еруптирале на Сонцето.

Бурата денеска ќе ја погоди Земјата, што би можело да предизвика проблеми во работата на сателитите и снабдевањето со соларна енергија, пишува британски Мирор.

Се очекува бурата да доведе и до појава на прекрасни глетки од поларна светлина, кои ќе имаат можност да ги видат жителите на Шкотска, северниот дел на Англија и северот од САД.

Соларната бура настанала минатата недала, по голема екслопзија во атмосферата на Сонцето, по што „испуштила факели“ кои се движат низ вселената, но и кон Земјата.

Доаѓањето на соларната бура се поклопува со формирањето пукнатити во магнетното поле на Земјата, кои се формираат во текот на рамноденицата на 20. март и 23. септември секоја година. Тие пукнатити ја слабеат природната заштита на нашата планета од честичките кои може да предизвикаат проблеми со уредите, пред се како што се GPS ситеми за навигација и радио сигнали.

НАСА планира во текот на летото да лансира летало „Parker Solar Probe“ кое би требало што повеќе да се доближи до Сонцето, со цел да се истражи атмосферата на оваа ѕвезда и експлозиите кои се случуваат на неговата површина и кои ја создаваат соларната бура.

Loading...

Leave a Reply