Со закон ќе им се забрани на мажите да пијат вијагра, тоа ќе го прават со дозвола од жената

Сподели со своите пријатели

Американските политичари предложиле нов закон со кој би се барало од мажите да добијат дозвола од своите жени пред да одлучат да купат вијагра, за да на тој начин се намали бројот на абортуси.

Законодавството ќе бара од сите луѓе да посетат два пати лекар пред да добијат било каков лек за еректилна дисфункција. Согласност на сопружникот би била обавезителна.

Човекот би требал да се заколне со рака на Библија дека ќе го користи лекот само кога има сексуални односи со својата парнерка.

Овој предлог закон се појавил веднаш по потпишувањето на „информативната постапка“, закон кој овозможува на жените да добиваат совети од лекарите 24 часа пред да абортираат.

Друг закон кој неодамна е усвоен наложува жените да погледнат слика од фетус и да ги слушнат отчукувањата на срцето пред да абортираат. Законскиот рок за абортус е намален на 20 недели, освен во случаи кога животот на мајката е во опасност.

Конресменката, која е медицинска сестра, изјавила дека смета дека е неприфатливо пратениците да зборуваат за жени што тие можат или не можат да прават со своето тело. Исто така, таа планира да поднесе предлог закон купувачите на пиштоли да добијат советување 24 часа претходно од жртви на вооружени насилства пред да го купат оружјето.

 

Loading...