Со вжештена маша се обидел да ја убие својата мајка

Сподели со своите пријатели

СВР Скопје поднесе кривична пријава против П.А. (50) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривично дело „убиство во обид“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Во периодот од март до април 2017 година пријавениот секојдневно психички и физички ја малтретирал неговата 79-годишна мајка со која заедно живееле. На 11.04.2017 година П.А. со употреба на физичка сила и вжештена маша и нанел повеќе удари по главата и телото од кои оштетената паднала во бесознание и во критична состојба била пренесена во болница. Од страна на Судија на претходна постапка на П.А. му е изречена мерка притвор во траење од 30 дена.