Со тешка механизација денеска се чистеше Градскиот кеј (фото)

Сподели со своите пријатели

Тешка механизација денеска обезбеди Општина Куманово како поддршка на проектот на Здружението на граѓани „Кумановски акцијаши“ за чистење на речните корита во градот.

Волонтерите и денеска покрај високите температури се фатија за работа за подобра животна средина, а акцијата се очекува дапродолжи и во текот на утрешниот ден.

 

Loading...

Следниот викенд пак на помош ќе пристигнат и акцијаши од Србија и Република Српска кои ќе им помагаат на кумановските колеги. Од Здружението апелираат сите грѓани да излезат и да им помогнат, додека пак Општината апелира да престане да се фрла секаков вид шут во реката и околу градскиот кеј.

Со еден милион евра ќе се чисти и уредува и речното корито на реките Којнарка и Липковка, средства обезбедени од Општина Куманово и УНДП.