Со спектакуларен концерт Куманово одбележа 73 години од ослободувањето (галерија+видео)

Сподели со своите пријатели

Со настапите на Нокаут, Нон-Стоп, Бени Шаќири и кумановските музички ѕвезди Мартинијан Кириловски, Ивона Јовановиќ, Марио Арангеловски и Мартија Станојковиќ вчеравечер на градскиот плоштад се одбележаа 73 години од ослободувањето на Куманово.

 

Loading...

 

И покрај ниските температури и слабиот дожд, кумановци уживаа во овој повеќечасовен музички хепенинг. Но, како што рече градоначалникот Максим Димитриевски дождот е бериќет и не може да ги растера граѓаните од добра забава.

– За две години 500-годишен јубилеј ќе славиме, овој дожд што вечерва започна е бериќет, просперитет, иднина. Достоинствено, модерно и урбано Куманово, такво ќе го направиме, затоа во мое име и во име на сите вас најпрвин сакам да ги поздравам братските и пријателските делегации кои вечерва со нас се овде, а ги има од четири држави од регионот. Исто така сакам да ви го честитам празникот, да ви посакам успех и просперитет, за сите кумановци, за едно единствено Куманово, рече Димитриевски во своето обраќање.

https://www.facebook.com/kumanovskimuabeti1/videos/2028816934007210/

 

Музика за сечиј вкус вечерва имаше на градскиот плоштад, но по се изгледа кумановци најмногу уживаа во настапите на своите сограѓани. Дел од нив настапуваат за прв пат на овој празник, а чувствата како што велат се прекрасни кога пееш дома.

– Не ми е прв пат, но кога е во прашање Куманово секогаш се чувствувам феноменално, очекувам прекрасна забава и се надевам дека сите што се тука ќе успеат да го доловат оној момент кој ние музичарите се обидуваме да им го пружиме на сите нив, изјави Мартинијан Кириловски.

 

 

Loading...

– Многу бев изненадена кога не викнаа, затоа што како мала секогаш гледав од публиката и си замислував кога јас еден ден ќе застанам и ќе пеам за ослободување на градот и кога не поканија и ни го кажаа датумот, не размислував ништо, прифатив, така да прекрасно беше, малку е студено, но мислам дека публиката ќе е задоволна, изјави Ивона Јовановиќ.

 

 

– Мене секако ми е чест затоа што јас сум роден и израснат во Куманово и просто кога се слави овој празник на секој би му било чест да запее на градскиот плоштад, меѓутоа ми беше интересно, пеевме некои половина час и беше супер забавно, изјави Марио Арангеловски.

 

 

– Навистина е голема чест да пеам пред моите сограѓани, навистина е супер, затоа што ме направија да се чувствувам супер, и тие се чувствуваа супер, така да чест ми е, рече Мартија Станојковиќ.

 

Loading...

 

Спектакуларен повеќеминутен огномет традиционално и оваа година го обои небото над Куманово во името на слободата.

https://www.facebook.com/kumanovskimuabeti1/videos/2028824514006452/

 

 

 

Loading...