Со картичка на кумановка, жител на Крива Паланка се послужил 1.000 евра

Сподели со своите пријатели

Надворешната канцеларија за криминалистичи работи Берово поднесе кривична пријава против Д.С.(30) од Крива Паланка, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски системи“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

На 15.10.2017 година во Берово, пријавениот го одзел паричник на Ж.А. од Куманово, во којшто имало 400 денари и платежна картичка со залепен пин на неа, по што од два различни банкомати извадил вкупно 60.000 денари.