Со голи раце се спаси од ајкула (видео)

Сподели со своите пријатели

Сурферот, Чарли Фрај, успеал да се одбрани од ајкула така што ја удирал по муцката.

Нападот се случил на брегот на Австралија, а сурферот успеал да помине со полесни повреди на десното рамо и надлактицата.

Ајкула го гризна за стомак, па едвај го спасија (видео)

Loading...

Фрај по професија е лекар, а вели дека неодамна гледал видео клип на итнернет во кое професионалниот сурфер Мик Фенинг го опишува фамозното бегање од ајкула на натпреварувањето во 2015 година.

– Кога се случи си реков себе си направи го тоа што го направил Мик. Само удри ја по муцката. Значи Мик, ако гледаш или слушаш, ти должам пиво. Ти благодарам, рекол Фрај, пренесува АП.

Тој во моментот на нападот се наоѓат на плажата Авока, 100 километри северно од Сиднеј.

Хорор во Црна Гора: Ајкула изела половина човек, момчето пронајдено преполовено

– Сурфафме и почувствував огромен удар од десната страна. Ми се доближи незабележително. Мислев дека друг се шегува со мене. Се свртев и видов ајкула како излегува од водата. Само ја удрив по муцката со левата рака и потоа успеав да избегам назад на даската, да ги повикам другарите, а на среќа, налета бран и така отсурфаф, раскажува Фрај.

Тој вели дека воопшто не ја забележал крвавата рака се додека не пристигнал на брегот.

– Воопшто не забележав во тој момент, затоа што додека сурфаф си мислев дека ќе умрам. Си помислив, сурфај набранот колку можеш и потоа пливај за својот живот, вели Фрај.

Сцена како од хорор филмови: Огромна ајкула скокна на палубата на бродот (видео)

Ајкулата ја забележале и спасувачите, а користеле и дронови да се уверат дека го напуштила подрачјето.

Фрај ќе биде надвор од океанот недела дена, но вели дека после тоа, едвај чека да се врати.

А, еве како изгледала битката на Мик Фенинг со ајкулата.