Со герилска акција Левица испрати пораки до кумановци (фото)

Сподели со своите пријатели

Во чест на 11 Октомври, денот кога започна борбата за националното, но и економско ослободување на народот во Македонија, во Куманово беше организирана герлиската акција од страна на партијата Левица која постави црвено платно со должина од 10 метри и натпис „ПРОМЕНА 16“ преку запуштената зграда на Хотел Кристал.

Герилската акција, како што велат од партијата имаше две пораки. Да се укаже на тоа дека, во Македонија, единствен современ идеолошки следбеник на таа револуција е партијата Левица, која целосно ја прифаќа дводимензионалноста на НОВ – борбата за национално ослободување, но и борбата за социјализам.

 

Loading...

 

Втората порака е – да се покаже колку „пазарната екпномија“ е ефикасна во управувањето на стопанските капацитети на локално ниво. Имено, во изминатите 30 години, новото економско уредување не само што доведе до крах на сите поголеми економски капацитети, туку истите ги остави на забот на времето и ги претвори во извори на зарази и болести. Зградата во која беше спроведена герилската акција е класичен пример за ова, тоа е зградата на поранешниот Хотел Кристал, која, откако престана да функционира како хотел, се претвори во руина и тажен споменик на минатото. Изборната програма на Левица се зафаќа токму со тоа прашање – решавање на статусот на овие пропаднати компании и нивно, стои во соопштението на партијата.