Со автоматско оружје му ја изрешетале куќата

Сподели со своите пријатели

Вчера околу 03.45 часот во Скопје, на улицата „Антон Попов“, од страна на непознат/и сторител,  од возило во движење,  со автоматско оружје било пукано кон куќата сопственост на А.И. (21).

Во моментот во куќата бил сопственикот, неговата мајка и неговата сестра. Од пукањето оштетена е фасадата на куќата, а повредени лица нема.

Во дворот и на улицата пронајдени се повеќе од десет чаури. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот, информираат од МВР.