Со 6,2 милиони денари улицата „Среќко Пужаљка“ ќе добие нов асфалт (фото+видео)

Сподели со своите пријатели

Со 6,2 милиони денари улицата „Среќко Пужаљка“ по долго време ќе светне во ново асфалтно руво. Денеска градоначалникот на Општина Куманово, Зоран Дамјановски оствари посета на терен каде изјави најави дека по завршување на канализционата мрежа, отворени се услови и за целосна сфалтна реконструкција.

 

Loading...

Тендерската постапка завршила пред два месеци, но поради временските услови и неколку приклучувања на канализационата мрежа со задоцнување отпочнува проектот за обнова на улицата кој се очекува да заврши за еден месец.

Сакам да истакнам дека денеска сме на улицата „Среќко Пужаљка“, една симболика за мене бидејќи воа е улица каде јас сум се родил, тука е стара моја мала, една улица која беше да не кажам ругло на градот, меѓутоа имаше причина за тоа од аспект што не беше решена канализационата мрежа, завршена е главната канализациона мрежа, сега се прави отстранување на асфалтната подлога бидеји е дост ауништена и ќе направиме приклучоци на што е дел од ИПА проектот, тоа е обврска на „Жикол“ и „Водовод“, продолжува подоцна санирање на долниот слој и асфалтирање на два слоја, седум и пет сантиметри, значи 12 сантиметри подлога во два слоја, ќе имаме негде 1.200 метри квадратни асфалтна подлога и 600 метри бекатонирање на овие улички две кои конектираат со „Среќко Пужаљка“, ќе имаме некаде околу 900 метри на ивичњаци – изјави Дамјановски.

 

По зимските ерозии на поголем дел од улиците во градот во следниот период ќе започне и крпење на дупките на асфалтот низ повеќе локации во Куманово. Според Дамјановски, во големина од 50.000 квадратни метри ќе се изврши и реконструкција на постоечка патна инфраструктура.

Куманово во овој период ќе удари поента во пролетно-летниот период на тековно одржување на постоечката патна инфраструктура. Тоа се некаде околу 10-тина километри реконструкција на постоечка патна инфраструктура, тоа е сериозен проект, некаде околу 45 милиони денари е целата инвестиција, се надевам дека до крајот на летото ќе завршат сите овие зафати. Во моментот распишавме тендери за водоводна мрежа во „Киро Пуцар Стари“ и Перо Чичо, тоа се два мали инфраструктурни објекти кои се потребни за тие граѓани, бидејќи немаат дотур на чиста вода, таква е конфигурацијата и затоа моравме да имаме нови проекти – додава градоначалникот Дамјановски.

Дамјановски потенцираше дека приклучок на водоводната мрежа нема да биде можен, ако граѓаните претходно не ги подмириле долговите кон јавното претпријатие „Водовод“.

Воедно истакна дека истекувањето на мандатот по 15ти мај нема да влијае на овие инфраструктурни зафати со оглед дека станува збор за тековни работи на локалната самоуправа и градот ќе биде едно големо градилиште.