Со 2.250 килограми експлозив уништен еден од најголемите стадиони во САД (видео)

Сподели со своите пријатели

Градбата во која се одвивале бројни спортски натпревари, од Олимписки игри до Супербоул, претворена е во шут за само неколку секунди.

Малку повеќе од 25 години од отварањето, „Џорџија доум“ некогашниот дом на Атланта фалонс и место на неколку историски светски настани, уништено е во контролирана експлозија со помош на 2.250 килограми експлозив.

ЕКСПЕРТИТЕ ПРЕДУПРЕДУВААТ: Да го спречиме развојот на ова оружје инаку пред него нема одбрана (видео)

Loading...

Во период од 12 до 15 секунди од некогашната импознатна градба остана само бетон и челик.

Расчистувањето на местото се очекува да трае околу три месеци.