Снежната покривка на Маврово 71 сантиметар, од утре нов снег

Сподели со своите пријатели

Изутринава во Македонија преовладува променливо облачно време на планините и на некои повисоки места има слаби врнежи од локален снег. Дува умерен а наместа и засилен ветер претежно од северозападен правец, во струмичкото подрачје брзината на ветерот достигнува до околу 60 км/час, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Снежната покривка е највисока во Маврово и изнесува 71 сантиметар, најстудено било во Струмица -5 степени целзиусови, а најмногу врнежи имало во Охрид 49 литри на метар квадратен.

Времето во текот на денот ќе биде променливо облачно, во текот ќе има слаби пвоврмувања од дожд и снег. Попладне
облачноста ќе се намалува а ќе има сончеви периоди. Ќе дува умерен до силен ветер ветер од северозападен правец, долж Повардарието и во западните делови на земјава повремено ќе се засилува. Максималната температура ќе достигне во интервал од 2 до 10 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме променливо облачно време со максимална дневна температура од 6 степени, додека во текот на ноќта истата ќе се спушти 4 степени под нулата.

В среда и в четвток во западните и јужните делови ќе има врнежи претежно од снег кои ќе бидат со слаб до умерен интензитет. Потоа времето ќе стабилно со ниски утрински температури. Нови врнежи се очекуваат во почетокот на наредната работна недела.

Leave a Reply