Снегот ќе продолжи и денес, снежната покривка покачена за неколку сантимтери

Сподели со своите пријатели

Времето утринава е претежно облачно со појава на магла во Струмичко и повремени слаби до умерени врнежи од снег, особено во источните и јужните делови. На север и на повисоките места дува поинтензивен ветер од северен правец.

Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, времето денес ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од снег, во источните и јужните делови претпладне поинтензивни. На запад врнежите претпладне постепено ќе престануваат, а до крајот на денот ќе завршуваат и на исток. Ќе дува слаб до умерен ветер кој вдолж Повардарието и во источните делови ќе биде северен, а кон запад ќе е претежно североисточен. Температурата денес во интервал од -2 до 2° С.

Во Куманово и околината денес се очекуваат интензивни снежни врнежи и максимална дневна температура од 0 степени во комбинација со северисточен ветер. Во текот на ноќта врнежите ќе престануваат, но затоа температурата ќе се спушти девет степени под нулата. Снежната покривка во Куманово утринава повторно изнесува 20 сантиметри.

Утре и за време на викендот времето ќе биде стабилно, со се повеќе сончеви периоди но и се пониски утрински температури. За време на викендот утринската температура ќе биде во интервал од -12 до -5, а наутро понекаде во долините ќе има и услови за појава на краткотрајна магла.