Смеењето лекува! Еве како медицината го објаснува тоа

loading...

  1. Оние што се смеат по 15 минути дневно согоруваат до 2 килограми масни наслаги годишно.

  2. Смеењето помага при лечење на астма и бронхит бидејќи воздухот што се истиснува од белите дробови по време на смеење е со 100 км/ч и ги ослободува бронхиите од натрупаниот слуз и го олеснува дишењето при воспалителни процеси.

  3. Смеењето ги зголемува творечките способности и вештината да решаваме и да се справуваме со најразлични задачи. Смеењето го активира лимбичниот мозочен сегмент соединувајќи ги левата и десната хемисфера.

  4. Со смеење против карциногени болести! Се покажало дека кај болните кои редовно се смејат  процентот на излекувани е најголем и дека тие се со најдобри позитивни резултати во споредба со контролираната група.

  5. Англискиот философ и лекар Вилиам Ослер ја сметал смеата како музика на животот и советувал да се смееме секој ден барем десетина минути. Се смета дека ако човек се смее не помалку од 17 минути дневно ќе го продолжи животниот век со најмалку една година.

  6. Веселото расположение ги намалува со 50% шансите за појава на различни болести, е мислењето на експерти од Харвард. По време на смеење се подобрува вентилацијата на белите дробови, во крвните садови се натрупува јагленороден двооксид кој го намалува артерискиот притисок. Благодарение на смеењето нивото на шеќер во крвта се зголемува многу бавно и кај дијабетичарите и кај здравите луѓе.

  7. Во некои држави веќе активно се работи со терапија со смеење. Во Јапонија например со голем успех се спроведуваат сеанси со смеење во болници за туберколозни.

  8. Едно 6 годишно дете се смее средно по 300 пати на ден тогаш кога возрасните се смеат само по 15 пати.

  9. Со насмевката можете и да печалите. Келнерките например кои се насмевнати постојано добиваат 30% поголем бакшиш.

  10. Највеселите луѓе живеат во Бразил и Куба, а најмрачните во скандинавските држави.

  11. Мажите со добро чувство за хумор, жените ги сметаат за поумни и поинтересни за разлика од оние сериозните представници на силниот пол. Се смета уште дека чувството за хумор е покарактеристично за мажите отколку за жените и основната причина за тоа е машкиот полов хормон тестостерон.

  12. Кога некој се смее во неговиот мозок се лачи хормонот на среќата ендорфин што придонесува да се смета себе си за среќен човек и заштитен од сите и од се. Исто така се смета дека оној што сака да се смее и го прифаќа животот со мала доза иронија – не страда од нервоза. Смеењето е еден од адаптивните механизми во човекот кон средината што го заобиколува и заштита за душевното и физичкото здравје.


Последни наслови

Facebook Comments