Слушнете го новиот летен хит на Марио Арангеловски (видео)

Сподели со своите пријатели

„Чекаме да помине“ е новата песна на кумановецот Марио Арангеловски, песна која се очекува да биде вистински летен хит.

Арангеловски ни откри дека е во план да се сними и видео спот за истата, а засега наидува на позитивни реакции од публиката.

Има убави рекации, комплетен автор на песната е Роберт Билбилов. Истата е снимена пред една година, но дури сега ја објавивме, бидејќи мислиме дека е потенцијален летен хит, сепак контроверзна и чудна песна, но додека допро де луѓето ќе ни пристигне летото – вели Арангеловски.

Инаку Марио Арангеловски е младата надеж на македонската музичка сцена, студент на Филозовскиот факултет при УКИМ, а до сега беше дел од неколку музички проекти во регионот и Македонија. Минатата година учествуваше и во српското реално шоу „Малдиви“.

Loading...