Случајот „Алмир“ преквалификуван од убиство во тешко дело против безбедноста на луѓето

Сподели со своите пријатели

Обвинителството од Куманово, денеска во завршниот збор го преквалификува обвиниението пртов Бобан Илиќ за случајот „Алмир“ од „убиство“ во кривично дело „тешко дело против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот “ од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичен Законик. Судот го укина притворот на првообвинетиот Илиќ поради надминување на законски предвидениот период од поднесување на обвинението.

Обвинителката во завршниот збор, посочи дека го преквалификувала обвинението, отакако, нагласи, се промениле околностите и фактичката состојба по добиените вештачењата кои стигнале во текот на главната расправа и се повика на вештачењето на вештаците од Судското биро, на техничкиот советник на невропсихијатрите од Универзитетската Клиника за невропсихијатрија и видео материјалот.

Loading...

Обвинителката го потврди обвиненението за „насилство“ против три лица, таткото на детето, Седат Алиу и неговите роднини Сами Демири и Абдула Алиу.

Денеска, завршен збор даде и законскиот полномошник на оштетените, мајката и детето, Ибрахим Бајрами, кој потоа изјави дека во одредени делови се согласува со обвинението, но дека не се согласува со преквалификацијата и се повика на сведочење на двјцата сведоци, братот Бојан и девојката Тања Димковска, особено потенцирајќи го правецот на движењето на возилото со кое управувал обвинетиот Илиќ.

– Во тој смисол и преквалификувањето на делото од „убиство“ во „сообраќајка“ е спротивно на изнесените докази на последното рочиште. Целата ситуација се разјаснува со траекторијата на движењето на обвинетиот Илиќ каде се крие и умислата. Оставаме на судот да одлучи по однос на сите забалешки, рече Ибрахими.

Адвокатот на обвинетите за насилство, Асмир Алиспаиќ, изјави дека обвинителството во конкретната ситуација, за жал, покрај поседувањето на материјални докази, обвинителството направило нов опис и преквалификација од првичното, за кое рече тоа е обвинението за кое треба да се товари обвинетиот.

– За жал, за мене од неразбирливи прични се направи преквалификација. Единствениот суд кој може да суди е судот на јавноста. Оставаме на органите после укинувањето на притворот од страна на судот, за обвинетиот Бобан Илиќ каква казна ќе извлече за обвинетиот, изјави Алиспаиќ.

Адвокатот на обвинетиот, Стеван Павлески побара од судот да го одложи неговиот завршен збор со оглед на преквалификација на делото. Во изјавата за медиумите, Павлески истакна дека универзално право на човекот е да се брани кога е нападнат.

-Јавниот обвинител со денешната преквалификација испраќа апсурдна порака, на граѓаните им порачува, кога ќе ве нападнат, вие бегајте, но и тогаш ќе одговарате, затоа не сум задоволен, другото ќе го искажам во завршниот збор и ќе полемизирам со правниот став искажан од јавниот обвинител, изјави Павалески.

Loading...

Тој одговарајќи на новинарски прашања рече дека овој проблем не се решава на улица, туку во судница и дека поради тоа неговиот клиент бил три месеци повеќе во притвор.

Изјава за медиумите даде и советникот за односи со јавност, од ЈОРМ, Елизабета Недановска, која изрази сочуство до семејството на Алмир за нивната загуба и потенцираше дека во моментот на поднесувањето на обвинителниот акт не биле пристигнати две вештачења, невропсијиатриското и сообраќајно-техничкото вештачење, кои додаде се круцијални докази за правилно утврдување на фактичката состојба.

-Надлежниот јавен обвинител согледувајќи ги новите утврдени факти од вештачењата и во корелација со останатите докази, оцени дека во дејствијата на обвинетиот се исполнети битните елементи од кривичното дело за кое изврши преквалификација на завршниот збор. Станува збор за исто така, тешко кривично дело за кое е запретена затворска казна од четири до 20 години. Тагата по загубеното детенце е голема, но правдата е утеха и оттука ЈО очекува дека судството ќе донесе праведна пресуда врз основа на утврдените факти и на доказите во предметот, изјави Недановска.

Пред завршниот збор, пред кумановскиот суд присуствуваа и претставници од здружението „Правда за Алмир“, чиј што претставник, Газњим Мехмети потенцираше дека обвинителството и судството по втор пат, го убиваат Алмир Алиу и го ослободија, како што рече, убиецот Илиќ.

-Оваа е страшна вест. Во Македонија нема правда. Продолжуваме и бараме првадата да биде над се и никакви пазарања и игри да не се играат врз грбот на малиот Алмир, изјави Мехмети.

Обвинетиот Илиќ се товари за прегазување на четиригодишниот Алмир Алиу на 25 јуни 2016-та година, по претходна банална расправија со таткото на момчето, во кумановскиот Здравствен Дом на улицата „Борис Кидрич“. Четиригодишниот Алмир почина од здобиените повреди на први јули 2016-та

Leave a Reply