Следува период на стабилно време со ниски утрински температури

Сподели со своите пријатели

Утрото ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб до умере н северозападен ветер. Максималната темература воа земјава ќе достигне од 4 до 10 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Куманово и околината денес ќе имаме сончево до умерено облачно време. Ќе дува умерен ветер од северен правец, а максималната дневна температура ќе достигне 3 степени.

Утре денот ќе започне со ведро и студено време, а во текот на денот сончево со мала до умерена облачност. Во северозападниот дел од земјава ќе има услови за локален и краткотраен дожд и снег на повисоките планини. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. Утринската температура во земјава ќе се спушти од -8 до 0, а преку денот највосоката температура ќе достигне од 6 до 13 степени.

Следува период на претежно стабилно време со ниски утрински температури, на повеќето места ќе се спуташтат и под -8 степени. Дневните температри ќе бидат во благ пораст. Во западните делови на земјава ке има услови за слаби локални врнежи од дожд,а снег само на повисоките планини.