Следува период на дождливо време, дневните температури во опаѓање

Сподели со своите пријатели

Времето утринава е претежно облачно со локални врнежи од дожд. Врнежите започнаа најпрвин во западните, а во втората половина од ноќта и изутринава се проширија и во источните делови од земјата. Во Маврово има слаби врнежи од снег, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во текот на денот ќе биде претежно облачно, во западните и јужните делови со слаб локален дожд, на планините слаб снег. Ќе дува слаб, во западните подрачја умерен ветер од источен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11 степени.

Следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, на планините од снег. Утре кон крајот на денот ќе има спуштање на постудена воздушна маса, што ќе услови во следните два дена врнежи од снег да има и во некои котлини, особено во северните делови. Врнежите ќе бидат со слаб, а повремено на места со умерен интензитет. Дневните температури ќе бидат во опаѓање.