СЛЕДНАТА ГОДИНА ЌЕ ЈА ГЛЕДАТЕ НАСЕКАДЕ: Ова е бојата на 2018 година

Сподели со своите пријатели

До крајот на 2017 година останува уште половина масец, а потоа не чека нова година со нови предизвици на секое поле, па и во модната индустрија.

Од 2000 година институтот „Пантон“ секоја година бира боја која најдобро ќе го прикаже духот на времето претстојната година и она кон што луѓето тежнеат. Тоа не е секогаш бојата која е во тренд, иако секогаш се видува во сите области на дизајнот и прикажува одраз на глобалното расположение не потрошувачите. Пресудна карактеристика на основ на која се бира бојата на годината е симболиката на бојата.

https://www.instagram.com/p/BcZ0S1rjVUL/

Loading...

Па, 2018 година ќе ја одбележи виолетовата, Ultra Violet (18-3838) од тонската карта на овој институт.

Оваа длабока нијанса на виолетова избрана е затоа што евоцира оргиналност, генијалност и визионерско расмилување.