Скоро половина Кумананово утре без електрична енергија

Сподели со своите пријатели

Скоро половина Куманово утре ќе остане без електрична енергија поради планирани прекини од страна на ЕВН Македонија на низа локации, информираат од Компанијата.

Така во период од 09:00 до 12:00 часот електрична енергија ќе немаат корисниците од улицата „Никола Тесла“.

Од 11:00 до 14:00 часот прекини во снабдувањето се најавени за селата Клечовце, Бењаковце, Жегњане, Стрезовце, Бајловце и Ругинце.

Од 09:00 до 11:00 исто така ќе има прекини на повеќе локации и тоа улица „Ѓорче Петров“, селата Старо и Младо Нагоричане, Жегљане, Клечовце, Новосељане, Пелинце, Четирце и Скачковце.

Во период од 11:00 до 15:00 часот снабдувањето ќе биде во прекин на улицата „Доне Божинов“.

Засега не е позната причината за сите овие прекини, но најверојатно станува збор за обнова на електро дистрибутивната мрежа.

 

Loading...