СЈО денеска ќе објави нова истрага

Сподели со своите пријатели

Специјалното јавно обвинителство денеска во 11 часот ќе одржи прес конференција на која се очекува да презентира нова истражна постапка.

Во најавата објавена на Фејсбук страната на СЈО се вели „Транспортер носи тотал триста табли кај Тифани“ што е своевидна загатка за новиот случај, кој најверојатно е поврзан со случајот „Транспортер“ кој специјалните обвинители веќе го работат.

Официјалното толкување на пораката и детали се очекуваат за денес попладне.

 

Loading...