СИТНИЦА: Багажот на саудискиот крал тежок како 200 афрички слонови

Сподели со своите пријатели

Саудискиот крал Салман бин Абдалазис ал Сауд допатувал во Индонезија со багаж тежок 500 тони, а во придружба на 1.500 членови на делегацијата.

Како што наведуваат меидумите, тежината на неговиот багаж е како 200 афрички слонови.

Кралот ќе го следат два мерцедеси, како и два самостоечки лифтови. Ова не е прв пат тој да патува со лифтови. Пред две години предизвика протести во Франција откако целата плажа ја затвори и на неа постави лифт.

Авио-компанијата која го превезува кралот вели денка 63 тони терет се истоварени во Џакарта, а останатите 396 тони на Бали. Кралот со себе води и голема придружба.

Индонезиската агенција Антара наведува дека во делагацијата од 1.500 лица, има десет министри, 800 делегати и 25 принцови, кои допатувале со 36 различни летови во период од три недели. Кралот и придружбата изнајмиле стотици соби во најелитните хотели во Џакарта. Како пренесува CNN Indonesia, на Бали придружбата на кралот ќе престојува во вкупно три луксузни готели со приватна плажа, на која ќе може да се пристапи само со лифт.