Сите девојки носат „чокер“ околу вратот, но што значи неговото носење?

Сподели со своите пријатели

Чокер ѓерданите изгледа дека се доста популарни во светот на модата. Но, тие не настанале сега, ниту во последните триесетина години.

Тие се украс за женскиот врат уште од најстарите цивилизации, а во секоја посебна епоха имале свое значење. Ова е вистината за нив.

Чокерите повторно станаа популарни благодарение на светски ѕвезди, како што се Тејлор Свифт и Кендал Џенер, кои решиле својот стил да го комплетираат со ваков накит. Ново-стариот стил повторно пламна, па го промовираат и многу блогерки на социјалните мрежи. Доколку решите и вие да го следите овој моден тренд, не би било лошо да ја знаете вистината за нивното потекло.

Според зборовите на експертот, кустос од Музејот за убави уметности во Бостон, потеклото на чокерот доаѓа илјадници години наназад. Имено, овој аксесоар се користел во древен Египет и Сумерското царсво Месопотамија. Се верувало дека има заштитна моќ и дека носи мудрост, затоа што е изработен од злато и благородно камење и бил резервиран само за владетели и нивните семејства.

Сината боја на благородното камење означувала почеток на животот и будење на емоциите, па така ѓерданите ги изработувале за новороденчиња на врховните династии, како низ животот би биле наградени со мудрост, која донесува верност во семејството поради нејзината сила во соединувањето.

Како чист стилски детал, чокерит езапочнале да се носат за време на ренесансата. Но, и тогаш жените ги користеле да ги прикријат недостасоците на вратот. Ги носеле и познати владетелки, повторно враќајќи ја нивната заштитничка вредност.

Меѓу обичниот свет, чокерите доживеале експанзија во два бранови, во 70те и 90те години. првиот бран означувал слободен дух на хипикот, а другиот силата на независноста на жената. Се правеле од црна кожа и пластика, со чиј дизајни биле имитирани тетоважи. Уште тогаш, Бритни Спирс и Кристина Агилера се определиле за чокер ѓердани изработени од благородни метали.

Денес чокерите се изработуваат од сите можни материјали и повторно се симбол на висока мода. низ историјата, чокерите како и останатите симболи на старите цивилизации се менувале и често неправедно биле предмет на морално исмевање. Биле правени од најобични кожни ленти или синџирчиња, па личеле на стеги за робови. А, во текот на 19 век, чокер од црната лента бил симбол на проституција. Дури и како такви, чокерите се користеле за разубавување на жените со природен изглед, без силикони и комбинирани со многу облека на телото, отколку што може да се забележи денес кај младата популација.

 

Loading...